Оштетувањето на кожата од сонцето има кумулативен ефект, 80 проценти од периодот на изложеност на сонце за време на животниот век се во текот на детството. Изгорениците во раното детство ја зголемуваат можноста за појава на рак на кожата подоцна во животот. Затоа, моја препорака е да не патувате и да не планирате одмор со бебе помало од два месеца – вели д-р Симонида Спасевска, педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Дали со бебе може да се оди на одмор? Како да го заштитиме од сонцето, колку време може да се бања во море, што треба да се понесе во торбичката за прва помош? Ова се прашањата и дилемите што ги мачат сите родители кога е во прашање планирањето на долго очекуваниот летен одмор. Д-р Симонида Спасевска, педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, за Факултети мк. вели дека нема потреба родителите да се плашат и дека ако добро се подготват и не ги прават најчестите грешки, сите безбедно и среќно ќе си ги поминат деновите на плажа.
Што според неа треба да понесете со себе пред тргнување прочитајте на ОВОЈ ЛИНК