X
 21.05.2022 Живот

Нуди 950 евра плата за тричасовна работа, а нема кандидати

И покрај примамливата финансиска понуда, никој не е заинтересиран за работното место педијатар во Штаерска, Австрија.

Угостителството со години бара квалификуван кадар, а сега тоа почнува да му се случува и на медицинскиот сектор.

Ниту примамливата плата од 950 евра за три часа работа во текот на викендот не привлече ниеден педијатар да прифати работен ангажман во Штаерска.

- Нудиме 950 евра за тричасовно дежурство во сабота и во недела од 9 до 12 часот - вели Клаус Песенбахер, медицински директор на „Хелт кер Стириа“.

Реформата на итната педијатриска служба не беше добро прифатена од сите лекари. Стариот модел беше постепено укинат на крајот од март, а новиот се бори со големи проблеми бидејќи викенд-службата не можеше целосно да се пополни во првите неколку недели.

- Досега имаме само еден пензиониран педијатар кој е дежурен, но секако не секој викенд. Сè уште не сме успеале да ангажираме доволно педијатри за тоа. Многумина едноставно се преоптоварени и не сакаат да работат во викендите - вели Песенбахер.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот