X
 06.06.2016 Образование

Лејла Денмарк: „Тајната за долг живот е во тоа да јадете правилно и да го сакате она што го работите"

Лејла Денмарк била најстариот педијатар во светот. Таа работела сè до нејзината 103. година и се смета за една од најдобрите педијатри во историјата.

„Тајната за долг живот е во тоа да јадете правилно и да го сакате она што го работите.“

„Малото бебе е побитно од оној Мерцедес Бенз кој е паркиран во преминот.“

„Правењето нешто што не сакате е работа. Правењето нешто што сакате е игра. Јас не работев ниту еден ден во животот.“

„Ја гледаш онаа верверица во тоа дрво; таа има бебиња и таа никогаш не прочитала книга или била кај лекарот, а сепак знае што да прави за нив.“

„Потребни се многу будалести луѓе за богатите луѓе да станат богати.“

„Да се биде добар родител е најважната работа на светот.“

„Никогаш нема да видите мајка мачка, или куче или крава како ги хранат младите цел ден или како им даваат нешта кои не се добри за нив.“

На новинари: „Ако сите вие сакате да зборувате за тоа колку е стара мојата работа или колку сум стара, тогаш не сакам да ви зборувам.“

„Најважната работа која може да ја има детето е добар родител.“

„Без млеко откако бебето се откажало! Без сок, чај или Кока-кола. Само вода. Таа крава надвор на пасење никогаш не пиела капка млеко откако се одвикнала и види колку е силна и здрава.“

Опис на лошо хрането и запоставено дете: „Дојде во канцеларијата личејќи на Божјиот бес.“

„Јаболкото не паѓа далеку од дрвото.“

„Секое дете треба да добие шанса. Направете сè што можете за да му помогнете.“

„Продолжи да го правиш она во што си најдобар се` додека можеш. Јас уживав во секоја минута. Ако можев да живеам одново, би го правела истото и би се омажила за истиот човек.“

„Подобро е да се биде преку ридот отколку под ридот.“

„Кој е следниот мал ангел?“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование