X
 09.07.2018 Култура

Англискиот двор има огромен долг кон Џенова, стар цели 247 години



Италијанскиот град Џенова бара Англија да му го исплати долгот поради употребата на знамето на свети Ѓорги во изминатите 247 години.


Мостот во Лондон
(Фото: Pixabay)


Градоначалникот на Џенова, Марко Бучи, истакнува дека Англија престанала да го плаќа годишниот хонорар за користењето на црвениот крст на бела заднина уште во 18 век.

Бучи моментално ја пребарува градската архива за да установи колку вкупно пари должи кралицата Елизабета Втора како обврска кон нивниот град.

„Ваше височество, со жалење ве известувам дека според моите податоци, ништо не сте уплаќале последниве 247 години“, напишал градоначалникот во писмото упатено до англиската кралица.

Британскиот дневник „Индипендент“ пишува дека Англија во 1190 година почнала да плаќа надомест за нејзините бродови да го истакнат знамето на свети Ѓорги и со тоа да ги одвраќаат пиратите.

Во тоа време Џенова била моќен поморски град кој речиси целосно имал контрола над морињата западно од Италија.

Англија го користи крстот на свети Ѓорѓи од крајот на 13 век, а во комбинација со шкотскиот крст на свети Андреј во 1606 година е создадено британското знаме, познато како „Јунион Џек“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура