X
 09.08.2016 Култура

Погрешна верзија од кинеското знаме на Олимписките игри

Организаторите на Олимписките игри во Рио се обидуваат да ја поправат грешката која ја направија откако знамето искористено на церемониите за медали имало огромна грешка.

 

кина


Црвеното кинеско знаме има четири златни ѕвезди насочени кон поголемата на горниот лев агол претставувајќи ги четирите општествени класи на луѓе кои ја поддржуваат Комунистичката партија.

Верзијата на знамето искористена на Олимписките игри има четири помали ѕвезди насочени погрешно - тие стојат паралелно наместо да се насочени кон поголемата ѕвезда.

Грешката првпат беше забележана од кинеските фанови на интернет кои започнаа да протестираат поради „заговорот“ против нив, нарекувајќи ги игрите најлошите досега.

Водителот Чуи Јонгјан од „CCTV“ беше еден од првите кои ја сподели грешката со неговите следбеници, пишувајќи дека кинеското знаме „не смее да има ваква грешка“.
Кога знамето не било поправено еден ден подоцна, тој изјавил: „Првата церемонија за златен медал беше одлична, беше вистинско задоволство да се слушне националната химна, но знамето се'уште имаше мал дефект, како и претходно. Не сакам да звучам опсесивно-компулсивно, меѓутоа ова е национално знаме - нешто кон кое треба да се посвети посебно внимание. Ова е концепт кој дури и учениците од основно образование треба да се способни да го разберат“.

Организаторите сега брзаат да ја заменат грешната верзија. Кинескиот конзулат во Рио вели дека поднел официјална жалба до бразилскиот организациски комитет и изјави дека знамињата биле направени од компанија надвор од Кина. Олимписките организатори велат дека знамињата беа одобрени од националните тимови.

Кина има освоено три златни медали досега, во стрелаштво, кревање тегови и скок во вода. Исто така, таа освои сребрен медал во пливање, сребрен и два бронзени медали во стрелаштво и бронза во мечување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура