Сеизмолозите во Калифорнија забележале повеќе од 3.000 земјотреси од 4 јули, когa јужниот дел од оваа американска сојузна држава беше погоден од земјотрес со магнитуда од 6,4 до вчера. Сега службениците веруваат дека иницијалниот потрес бил форшок.
Од четвртокот утрото имало 340 земјотреси со магнитуда поголема од 3; 54 земјотреси со магнитуда поголема од 4; 6 со магнитуда поголема од 5 и еден со магнитуда од 7,1, кој ја потресе Калифорнија во петокот.
Сеизмологот Луси Џоунс во саботата на „Твитер“ напиша дека не е веројатно да има поголеми земјотреси, но дека потреси со магнитуда 4 се сигурни во текот на неделава, а некои со магнитуда 5 се веројатни.
Сеизмолозите исто така истакнаа дека очекуваат до крајот да бидат забележани повеќе од 30.000 земјотреси со магнитуда 1 или повеќе.
Земјотресите се со епицентар во близина на градот Риџкрест. Засега нема фатални случаи и има само помали повреди, но властите забележале пожари и згради што биле многу оштетени.
Фото: Science Alert
Фотографии од деновиве открија голем број длабоки расцепи во
пустината Мохаве, како и пукнатини на автопатиштата и искривени куќи.