X
 11.09.2019 Политика

Угледен истражувач предвидува дека демократијата ќе колабира

Демократијата може да исчезне и ќе биде заменета од крајно десничарски популизам и апсолутизам.

Шон Розенберг, истакнат психолог од Универзитетот во Ирвин, Калифорнија, ги шокира луѓето на средба на Меѓународното друштво на политички психолози кога рече дека демократијата сама се уништува. Тој не верува дека обичните луѓе сакаат да ја одржуваат.

Во презентацијата Розенберг посочи на сè поголемото влијание на крајно десничарскиот популизам во Бразил, САД, Велика Британија и низ Европа како загрижувачки знак дека апсолутистичките влади станале попривлечни за обичните луѓе од идејата за активна граѓанска должност.

- Во добро зацврстените демократии како САД, демократското владеење ќе продолжи со неизбежниот пад и на крајот ќе доживее неуспех - истакна тој.

Розенберг додаде дека активното учество во демократијата бара промисленост, дисциплина и способност за разликување пропаганда од валидна информација. Иронично, со појавувањето на подемократизираниот интернет, луѓето се свртуваат кон социјалните мрежи - каде што апсорбираат објави кои ги потврдуваат нивните постојни политички пристрасности - наместо кон извори на информации со репутација.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика