X
 09.12.2022 Образование

Студенти на Универзитетот на Калифорнија учат како да отпуштаат вработени

Американски универзитет создал програма која ќе ги учи студентите како да се соочуваат со тешки разговори на работното место, меѓу другото, и како да отпуштаат вработени.

Станува збор за нов курс на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. Курсот „Тешки разговори: лабораторија за конфликти“ се одржува на бизнис-школата „Хаас“. Тој се одржува во рамките на магистерски студии по бизнис-администрација.

На него се учи како да се пренесат лоши вести, навигација на односи во канцеларијата, примање лоши критики и отпуштање работници. Се одржуваат и практични вежби во кои студентите играат улога на лице кое е во непријатна ситуација.

За време на вежбите, студентите имале тешкотии и се обидувале да одбегнат конфликт, според креаторите на курсот. Сепак, на крајот биле задоволни од курсот и изјавиле дека развиле вештини кои им помагаат да имаат самодоверба кога се соочуваат со проблем.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование