X
 09.07.2019 Живот

Стјуардесите ги откриваат најиритантните работи што ги прават патниците

Стјуардесите имаат многу одговорности во текот на летот, но се чини дека повеќето патници воопшто не се свесни за тоа.

За да бидат работите уште полоши, некои патници се однесуваат како нивните потреби да се поважни од сè друго, игнорирајќи ги правилата. Ова се некои од најиритантните работи што патниците ги прават во текот на летот, според анкетата на „Бизнис инсајдер“ во која учествувале 8 стјуардеси.

Носење слушалки кога им се нуди пијалак или јадење


- Една од најиритантните работи дефинитивно е кога патниците носат слушалки кога им нудиме грицки или пијалак. Постојано повторуваме - вели една стјуардеса.

Нетрпеливост за земање на ѓубрето

- Постојат моменти кога патниците буквално го фрлаат ѓубрето во мене или, пак, одат до задниот дел на авионот за да ми го дадат - вели стјуардеса на „Делта“.


Фото: Pixabay

Непочитување на светлото за појас


- Мислам дека најмногу ме нервира кога луѓето не ја сфаќаат сериозно наредбата за ставање на безбедносниот појас. Едно е возрасен човек да сака да оди во веце. Но, многу пати возрасните им дозволуваат на своите двегодишни или четиригодишни деца да шетаат низ авионот. Според мене, тоа не е во ред. Не само што не слушате, туку го ставате во ризик и вашето дете - вели друга стјуардеса.

Непочитување на бројот на седиштето


- Она што најмногу ме нервира е кога патниците не го почитуваат и не го следат бројот на седиштето што го имаат на билетот. Треба да знаат дека некои седишта се поскапи.

Оставање огромен хаос


Стјуардеса од „Ворлд џет“ вели дека она што најмногу ја нервира е кога патниците оставаат зад себе огромен хаос, што често се случува.

- Како да живеат тука, а потоа само си заминуваат - вели таа.

Непочитување на стјуардесата

- Најмногу навредува што се прават наудрени кога им зборувате. Само ги ставаат слушалките и се прават дека не сте тука - вели стјуардеса.

Притискање на копчето за повик без причина


Стјуардеса од „Пиедмонт ерлајнс“ вели дека најмногу нервира кога патниците го притискаат копчето за повик без причина.

- Ова го прават особено кога сте зафатени. Зафатени сте правејќи нешто, а веќе сте разговарале со нив шестпати - вели таа.

Потценување на важноста на работата на стјуардесата


- Ние првенствено сме обучени за безбедност, а гостопримството доаѓа потоа. Најиритантно е што патниците буквално мислат дека сме келнерки - вели стјуардеса на „Алјаска ерлајнс“.

- Стјуардесите се обучени да се справат со ситуации како пожари, затруени патници, закани од бомби и итни медицински случаи - додава таа.

Допирање на стјуардесите за привлекување на вниманието


- Најиритантно е кога патниците ме допираат наместо да го користат копчето за повик - вели стјуардеса од „Американ ерлајнс“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот