X
 03.12.2020 Живот

Еве каде спијат членовите на екипажот на авионот во текот на долгите летови

Дали некогаш сте се запрашале што прават стјуардесите во текот на долгите летови додека сите патници спијат или гледаат филмови? Одговорот е дека најчесто и тие спијат, иако не сте ги виделе.

Многу авиони што се користат за долги прекуокеански летови имаат тајни простории наменети за екипажот. Овие простории се наоѓаат над патниците сместени во првата класа или под останатите патници, а влезот до овие тајни простории се разликува од авион до авион. Некои авиони имаат кревети на катови, додека некои имаат индивидуални соби за екипажот.

Зек Гриф од „Поинтс гај“ неодамна имал можност да го види просторот за одмор на „боинг 787 дримлајнер“ на „Американ ерлајнс“. Овој простор се наоѓа над патниците и во него има шест кревети, завеси за приватност, светло за читање, огледала и закачалки. Видете како изгледа тој простор во видеото во продолжение.



Автор: Софи-Клер Холер
Извор: insider.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот