X
 10.04.2018 Живот

Сакате да дознаете како е да се биде астронаут, резервирајте во првиот вселенски хотел

hotel

Барате место што нуди неверојатен поглед на изгрејсонце и зајдисонце? Поточно, 384 од нив во 12 дена?

Тогаш, резервирајте во овој хотел.

Компанијата „Орион Спан“ се надева дека ќе го лансира првиот луксузен хотел во вселената до 2021 година, а гостите ќе можат да престојуваат наредната година.

Хотелот ќе има капацитет за четири патници и двајца членови на екипажот, и ќе ги вози околу планетите со голема брзина во период од 12 дена.

Авантуристите ќе мора да платат 9,5 милиони долари од лице или околу 791.666 долари за една ноќ. Уште сега можат онлајн да уплатат депозит од 80.000 долари, велат официјалните лица на компанијата. Секако, депозитот може да ви биде целосно вратен.

„Сакаме да ги однесеме луѓето во вселената бидејќи тоа е крајната граница за нашата цивилизација“, вели основачот на „Орион Спан“, Френк Бунгер.
Тој изјави дека причината поради која „Орион Спан“ дава цена пониска од 10 милиони евра е поради намалувањето на цената на лансирањата.

„Сите предвидувања укажуваат дека цените за лансирање ќе паднат. Речиси секоја недела компаниите лансираат ракети и секоја од нив има нов начин за лансирање во орбитата - поевтино, побрзо, подобро“, вели тој.

Хотелот на „Орион Спан“ нуди многу атракции: летање низ станицата во нулта гравитација, поглед од вселената кон домовите на патниците, можност патниците да учествуваат во истражувачки експерименти, како што е производство на храна додека се во орбитата, и стриминг во живо со пријателите и семејството преку интернет.

Сепак, патниците ќе мора да поминат тримесечна обука, која ќе почне со онлајн-курсеви за подобро разбирање на основата на вселенското летање, орбиталната механика и средини под притисок во вселената.

Патниците ќе имаат обука и за непредвидени ситуации во седиштето на компанијата во Хјустон.

„Компанијата ќе ги подготви патниците за посета на вселенската станица во период од три месеци. Нашата цел е да ја направиме вселената достапна за секого“, додава тој.

„Продаваме искуство да се биде астронаут. Постојат луѓе што се подготвени да платат за тоа искуство“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот