X
 09.07.2020 Живот

Скромна колиба во англиско село крие огромен нуклеарен бункер

Иако изгледа како удобна селска колиба, оваа куќа крие тајна со децении. Во неа всушност се наоѓа влезот што води до таен нуклеарен бункер.

Изграден во 50-тите години од британската влада, тајниот нуклеарен бункер „Келведон Хач“ бил место за бегство на владините службеници во случај на нуклеарна војна.

Сега бункерот е туристичка атракција, а сопственикот Мајк Париш раскажува за уникатната историја на ова место и наследството на неговото семејство.

Мајк Париш го наследил имотот вo Келведон Хач, Есекс, во Англија. Во имотот бил вклучен бункер скриен од јавноста.

1

2

За време на Студената војна премиерот Винстон Черчил се плашел дека Русија ќе развие атомска бомба, така што британската влада барала локации каде што би можеле да избегаат службениците. Во 1952 година изградила бункер токму на имотот на семејството Париш.

- Владата очигледно го избра ова место затоа што било доволно далеку од Лондон, за да можат да ја преживеат експлозијата и зрачењето - вели Париш. Внатрешноста на колибата е фасада за да ја маскира нејзината вистинска намена. Во колибата имало чувари за никој да не влегува.

3

3

- Тоа беше влез до влезот на тунелот, а служеше и како чуварска куќа. Има армирани ѕидови и тавани - раскажува Париш.

Tунелот е 110 метри долг, а влезот е поголем од фудбалско игралиште. Бункерот се протега на 3.250 квадратни километри и е 30 метри под земја.

- Има три нивоа. Четири ако го броиш и бунгаловот - вели Париш.

Бункерот бил направен да прими 600 луѓе и е еден од 18 такви бункери во земјата.

4

6

Според Националните архиви, за време на тензии, Британија била поделена на 18 региони, секој со своја регионална влада. Секој бункер бил дизајниран да ги смести регионалните власти и да работи автономно сè додека не се воспостави врска со националната влада, раскажува Париш.

Во 60-тите години бункерот станал регионален владин штаб за службениците на локалната самоуправа.

Во 1992 година семејството Париш ја добило сопственоста на бункерот, па го отворило за јавноста. Париш вели дека овој бункер е еден од двата што се отворени за јавноста во Велика Британија.

Извор: Insider.com
Фотографии: J.A. Parish and Sons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот