Колибата која служела како инспирација за семејната куќа на Волт Дизни во Лос Фелиз и студиото за анимација во Бурбенк се продава за 1,5 милион евра.
Куќата била изградена во 1924 година од уметникот и архитект Френкс Скот Корус од Чеши, Англија, кој емигрирал во Америка во 1913 година.
Се верува дека Дизни бил импресиониран од шармантниот изглед на викендицата со англиска градина во близина на оригиналното студио на Дизни во Силвер Лејк, па одлучил да го ангажира овој уметник.
Делот на архитектот го отсликува духот на неговата татковина, а стаклените врати и многуте прозорци обезбедуваат топлина во домот и природна светлина. Централниот дел на куќата се состои од дневна соба и камин со гипсени, изрезбани столбови.
Иако однадвор куќата изгледа како од бајка од Дизни, ентериерот е модерен, а особено внимание привлекува кујната во црвена боја.
Колибата има две спални соби, а во задниот дел од куќата има голема канцеларија со поглед кон градината и ридот.
Подовите се изработени од тврдо дрво, во боја на мед. Куќата има и прекрасен двор.
Колибата има речиси 150 квадратни метри и се појави на пазарот првпат по повеќе од три децении.
Извор:
Dirt.com
Фото: Compass