X
 22.06.2020 Живот

Патување низ времето - пронајдена совршено зачувана колиба од 19 век

Што би помислиле кога би ви кажале дека патувањето низ времето е реалност? Дали би помислиле дека се шегуваме или дека премногу читаме научнофантастични романи?

Патувањето низ времето е мистериозен концепт, обвиткан со илјадници легенди и митови, а повеќето од нас веројатно нема никогаш да сфатат дали станува збор за вистинска работа или само креација на неограничената човечка имагинација. Но, некои луѓе понекогаш имаат доволно среќа да се вратат неколку века наназад во минатото.

1

Една од нив е фотографката Ребека, која неодамна имала шанса да ѕирне во колиба изградена во 19 век која се покажа како вистинско историско богатство.

3

Ребека е фотограф и сака да истражува стари напуштени градби полни со историја. Неодамна на нејзината веб-страница „Abandoned NI“ сподели куќа од 19 век што ја истражувала и фотографирала.

- Еден уметник ја следи мојата страница, а неговиот роднина ја наследил колибата - објаснува таа.

4

Куќата се наоѓа во округот Тајрон, Северна Ирска, и во неа живееле луѓе до 2015 година. Но, тие се обиделе да ја задржат целата историја на куќата.

- Секоја куќа или градба што ја документирам и фотографирам има различна вибрација. Некои се пријателски, некои не. Чувствував дека оваа куќа сè уште е топла - вели Ребека.

5

6

Во куќата Ребека нашла многу стари книги, магазини, весници, фотографии, часовници и стари писма од пред повеќе од 100 години.

- Интересна е вредната социјална историја што ја има зад овие ѕидови - вели таа.

7

8

Една од работите што ги нашла бил весник во која се пишувало за последиците од потонувањето на „Титаник“ во 1912 година.

- Ја обожавам мистериозноста околу пронаоѓањето работи, некои места се како временски машини со предмети како што се фотографии, венчаници, часовници - вели Ребека.

Според неа, најинтересната работа што некогаш ја нашла во зграда била венчаница во стара рурална фарма.

9

- Во куќата имаше многу религиозни предмети, вклучувајќи и мртви врани обесени од внатрешната страна на прозорците. Исто така, кога ја посетив Белгија, посетив една стара болница. Отидов во една од просториите што беше бања и беше како сцена од хорор-филм. Подоцна сфатив дека станува збор за лажна крв - вели таа.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Abandoned IN
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот