09.07.2022
Живот
Почина проф. д-р Методи Чепреганов
Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов почина денеска на 86 години по кратко боледување, соопшти болницата „Неуромедика“, каде што работеше над 20 години.
Кариерата ја почна 1969 година на Клиника за нервни и душевни болести при Медицински факултет – Скопје, а над 25 години држеше настава како професор од областа на неврологијата и психијатријата со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје. Има објавено над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на неврологијата и епилептологијата.
Методи Чепреганов како невропсихијатар-епилептолог беше во самиот врв на македонската медицинска наука. Тој работеше неуморно цело време, дури и во неговите поодминати години. Не само што сѐ уште имаше илјадници пациенти за кои имаше евиденција во својата документација, туку тој беше посветен пишувач на научни дела, над 60 во својата кариера, сите од областа на неврологијата и епилептологијата.
Образование:
1962 год. Медицински факултет – Скопје;
1968 год. Специјализација по невропсихијатрија на Медицински факултет – Скопје;
1972-1973 год. Постдипломски субспецијалистички студии во Белгија во Клиниката за Електроенцефалографија;
1974-1975 год. Специјалистички студии по Клиничка Електроенцефалографија во лабораторија и епилептологија LENA во Париз, Франција;
1978 год. Стручно доусовршување за компјутерска томографија во Белгија и Англија;
1994-1996 год. Субспецијализација по анатамна морфологија (компјутерска томографија и магнетна резонанца)
Работно искуство:
Од 1969 год. Клиника за нервни и душевни болести при Медицински факултет – Скопје;
Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје;
Од 2006 год. Болница Неуромедика.
Научно и професионално достигнување:
Објавил над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата меѓу кои издвојуваме: Imagerie des épilepsies, Paris 1996; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2006; Neuro-imagerie diagnostique-Еpilepsies Paris, 2007; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2012. Учествувал на бројни европски и конгреси.
Член е на:
Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје;Невролошка асоцијација на Франција.
Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.
„Во нашето секојдневно постоење : УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА ТРУЛАТ, тоа е енграмот на енергијата на најмоќната промена низ цивилизациските психоемотивни и интелектуални основи и смислата на животот: да живееш и да постоиш значи да учиш, да работиш, да твориш, да креираш, да создаваш, да умееш, да почитуваш, да те краси емпатија, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психопрофил со богат резервоар на знаења и инкорпорирани норми во совеста на сопственото его.“