X
 01.07.2024 Култура

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре

Утринава во Тирана, на 88-годишна возраст, почина еден од најголемите албански писатели Исмаил Кадаре.

Кадаре е најпознатиот албански писател, лауреат на многу национални и меѓународни литературни награди, кој неколку пати беше номиниран за Нобелова награда. Тој дипломирал на Универзитетот во Тирана, а потоа студирал на Институтот за светска литература „Максим Горки“ во Москва.

Делата на Кадаре се преведени на десетици светски јазици, а најпознато негово дело е „Генералот на мртвата војска“.

Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура