X
 09.08.2019 Живот

Најавена изградба на 26-катница за 90 дена

Хотелиерскиот гигант „Мериот“ во април најави дека планира да изгради зграда со 26 ката во Њујорк за само 90 дена и се надева дека ќе заштеди многу пари во процесот.

Идејата е едноставна: производство на модули подалеку од местото и нивно составување како да се лего-коцки. Цената на таквата модуларна зграда би била само 70 милиони долари, додека слични структури обично би надминале 100 милиони долари.

Причината зошто процесот е толку брз е затоа што копањето и поставувањето на основата може да се завршат за исто време како и модулите. Исто така, би имало околу 70 отсто помалку работа на самото место.



Всушност, повеќето сегменти од планираниот хотел се градат во Полска и потоа се пренесуваат преку Атлантикот. Според „Мериот“, собите ќе бидат направени, вклучувајќи ги тука и креветите и приборот за лична хигиена.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот