X
 12.04.2019 Живот

Библиотека на зграда, но книгите може само да се гледаат

Голем број улични уметници избираат напуштени згради и стари железнички како платна за нивните ремек-дела, меѓутоа, холандскиот уличен уметник Јан Ис де Ман избира нешто сосема друго - создава живи дела за локалните заедници што сакаат да се поврзат. Неговата цел е да создаде проекти каде што секој ќе може да се идентификува.

Јан Ис де Ман оваа станбена зграда ја претворил во полица за книги во Утрехт, Холандија.

- Ги познавам луѓето што живеат на приземје. Веќе некое време сакаа да нацртам нешто. Тие сакаа да ми дадат слобода во мојот дизајн, но под услов моето дело да донесе нешто позитивно во нивното соседство. Првата идеја беше да нацртам смајли. Многу големо смајли затоа што верувам дека луѓето стануваат посреќни кога гледаат насмевки секој ден. Но, идејата не беше целосна и беше многу едноставна - вели тој.


Фото: Instagram/Facebook

Откако го проучувал неговото „платно“, дошол до идеја да создаде „l'oeil“ - визуелна илузија во уметноста што се користи за да се измами окото за да гледа насликани детали како тродимензионален објект.

- Ги проучував обликот на куќата и локацијата каде што стои оваа куќа и одеднаш ми дојде идеја за една огромна полица со книги. Обожавам да создавам илузии на ѕидовите и сакам да гледам насмевки на лицата на луѓето, па сметав дека оваа идеја може да си спои тие две работи заедно - вели тој.

Дел од концептот бил вклучувањето на жителите во уметничкиот процес.


Фото: Instagram/Facebook


Фото: Instagram/Facebook

- Ги прашавме луѓето кои се нивните омилени книги, така што успеавме да споиме 8 јазици и култури заедно во еден ист концепт. Сите, секоја возраст, секоја култура, секој јазик беа добредојдени. Единственото правило што го поставив беше: без политички и религиозни книги. Освен нив, секој наслов на книга беше добредојден.

Им била потребна една недела за да го направат делото. Според Јан, најтешкиот дел бил планирањето на концептот.


Фото: Instagram/Facebook


Фото: Instagram/Facebook


Фото: Google Maps

Откако делото било создадено, тоа станало не само уметнички извор за да ги доближи соседите, туку и за луѓето што го посетувале за да направат литературно селфи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот