Властите во Боливија одлучија да изградат музеј на дното на езерото Титикака, во вредност од 10 милиони долари.
На одлуката му претходело откривање на неколку илјади археолошки предмети во длабочините на езерото, соопшти министерството за култура на таа земја.
(
Фото: Wikipedia)
„Тоа ќе биде туристички, но и археолошки, геолошки и биолошки центар, единствен од таков вид во светот“, истакнала боливиската министерка за култура Вилма Аланока.
Подрачјето на езерото
Титикака, кое се протега на 8.562 квадратни километри помеѓу Боливија и Перу, е колепка на многубројни култури што цветале пред колонијалната ера.
Последните години во длабочините на езерото се пронајдени речиси 10.000 археолошки предмети од коски, метал и керамика, меѓу кои и кујнски прибор од времето на старите цивилизации.
Музејот ќе се наоѓа на околу 100 километри од главниот град.