На 101 година, Џејн Брнс сè уште работи. Децении откако повеќето луѓе се пензионираат, Џејн избра да продолжи да ги работи и е вработена во продавница за ткаенина во Мејсон, Охајо, каде што работи веќе 25 години. Таа работи со скратено работно време и вели дека токму тоа е една од тајните на нејзината долговечност.
- Треба да продолжите да се движите и да не седите дома по цел ден. Едноставно сакам да работам и сакам да сум меѓу луѓе. Навистина не забележувам дека сум постара - вели таа откако неодамна наполни 101 година.
101-годишната Џејн сè уште вози автомобил. Нејзиниот распоред во продавницата се менува, а некогаш работи и со полно работно време, од 9 до 17 часот. Нејзината работна позиција бара добар вид и одредена физичка сила за да се справи со ткаенината, но таа вели дека воопшто нема проблем.
Брнс живее во предградие на Синсинати, Охајо, заедно со нејзината ќерка, која исто така работела со скратено работно време. Нејзината претходна кариера пред пензионирањето била книговодство, но никогаш целосно не отишла во пензија. На прашањето дали ѝ е потребна работата од финансиски аспект, или е нешто во кое ужива, Брнс вели дека и двете причини се точни.
Ова се нејзините едноставни лекции за долговечност.
Не е сè до добрите гени
Да се живее екстремно долг и здрав живот може да изгледа како да се потребни добри гени, но долговечноста не е нешто што било често во семејството на Брнс. Нејзината мајка починала од аневризма во нејзините 40-ти, а нејзиниот татко починал кога имал 65 години.
- Не знам зошто, но јас сè уште сум тука. Посакувам да знам зошто - вели таа.
Колку долго ќе живеат луѓето е 20 отсто од нивната генетика и 80 отсто од начинот на живот и среќа, вели Ендрју Стил, британски научник.
Брнс јаде речиси сè што сака, вклучувајќи месо, сланина и путер. Порано внимавала на внесот на шеќер, но повеќе не.
- Многу сакам благо. Омилено ми е млечното чоколадо - вели таа.
Брнс никогаш не пушела и никогаш не пиела многу алкохол.
Фото: Jo Ann-Stores/Today
Останете физички активни
- Цел живот сум активна. Мислам дека тоа ми помогна најмногу од сѐ - вели таа.
Цел живот куглала, играла голф и редовно вежбала.
Не дозволувајте болеста да ве разочара
Брнс преживеала рак. Во 1995 година ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево, па била подложена на операција за отстранување на дел од дебелото црево. Лекарите го фатиле рано, па не морала да оди на хемотерапија.
Сега, на 101 година, најголемиот здравствен проблемс со кој се соочува е артритис во рацете и колената.
Грижете се за вашата кожа и тело
Брнс сѐ уште има редовна рутина за убавина.
- Користам хидратантна крема и шминка. Го правам тоа цел живот, па нема да престанам сега - вели таа.
За нејзиното лице да не старее предвреме, никогаш не користела сапун на лицето кога била помлада.
Барајте пријатели насекаде
Оваа 101-годишна жена вели дека нејзиниот главен совет за долг и здрав живот е да уживате во друштво на луѓе. Таа стекнала пријатели на работа, а еден колега кој е децении помлад од неа, ја запознал со „Тик-ток“. Двајцата се појавуваат во видеа, вклучувајќи и едно видео за 100. роденден на Брнс минатата година.
Брнс вели дека нејзините најдобри работни места отсекогаш имале една заедничка работа: добри колеги.
- Сакам да бидам опкружена со луѓе. Повеќето од нив се пријателски расположени - вели таа.
Извор:
Today.com
Фото: Jo Ann-Stores/Today