X
 26.07.2015 Живот

Неколку начини за елиминирање на стресот од животот

Вистината е дека секој е под стрес некогаш во животот. Дури и оние луѓе кои изгледаат најопуштено сигурно преживеале стресен период, а можеби во моментов поминуваат низ тоа. За среќа, „The muse“ откриваат тајни со кои успешните лица успеваат да го елиминираат стресот од нивниот живот.


Време со луѓе кои ви значат

„Редовно поминувам време со семејството. Кога вечерам со ќерките ме задржуваат на место и ме учат за перспективата во животот.“ - Барак Обама.

Исклучете се

„Да се исклучите и повторно да се вклучите не е нешто само за уреди, туку и за луѓе. Доколку не можеме да се исклучиме, не можеме да водиме.“ - Аријана Хафингтон.

Одете на тивко место

„Кога сакам да врескам гласно, обично одам на тивко место. Бањата функционира одлично во овој случај. Ги затворам очите и дишам сè додека не го почувствувам мирното место во мене. Истото мирно место може да го најдете во вас. Дишам додека не чувствувам дека ова место се шири и ме исполнува.“ - Опра Винфри.

Останете во сегашноста

„Доколку само седите и набљудувате ќе видите колку неуморен ум имате. Доколку се обидите да го смирите, само ќе биде полошо, но со текот на времето се смирува, а кога ќе се смири има место за слушање поскриени работи. Тоа е моментот кога вашата интуиција започнува да цвета и започнување да гледате појасно кон работите и да бидете во сегашноста. Вашиот ум успорува и го гледате моментот во кој се наоѓате. Гледате многу повеќе од порано.“ - Стив Џобс.

Уживајте во нешто

„Наоѓам одмор во седењето на под со децата и боејќи цел час. Правете нешто што сакате, што ве прави среќни и што ви дава мир.“ - Анџелина Џоли.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот