X
 09.08.2016 Живот

Мерки кои треба да ги преземете после поплавата

Како да спречите понатамошно оштетување во вашиот дом и предметите во него и истовремено да го заштитите вашето здравје?

 

poplava


Повторно влегување во домот

- Во никој случај не се враќајте во вашиот дом се' додека официјалните лица не советуваат дека е безбедно.

- Ако главниот прекинувач за електрична енергија не бил исклучен пред поплавата, немојте да влегувате во домот додека квалификуван електричар не утврди дека е безбедно да го направите тоа.

- Бидете екстремно внимателни кога се враќате во домот после поплавите.

- Електричните апарати кои биле поплавени претставуваат ризик од електричен удар или пожар кога се вклучени. Во никој случај не користете никакви апарати, притисок или канализацијата се' додека електричните компоненти не се целосно исчистени, суви и проверени од електричар.

- Главната електрична табла мора да биде исчистена, исушена и тестирана од електричар за да потврди дека е безбедна за користење.

- Во зависност од тоа каде живеете, вашиот општински орган е одговорен за процесот на издавање дозвола потребна за повторно поврзување на електричната енергија во вашиот дом.


Безбедно влегување во зграда

- Осигурајте се дека зградата е структурно безбедна.

- Пребарајте да не има оштетени ѕидови или подови.

- Внимавајте да не има дупки на подот, скршено стакло и други потенцијално опасни остатоци.

Вода

- Поплавената вода може да биде доста загадена со отпадна вода и други загадувачи. Може да предизвика болести и инфекции.

- Ако преку бојата, мирисот или вкусот се сомневате дека водата за пиење е загадена, тогаш во никој случај немојте да ја пиете.

Документација

- Складирајте ги сите вредни документи кои биле оштетени (откако ќе ги исчистите, консултирајте се со адвокат за да утврди дали поплавените оштетени документи треба да се задржат).

- Снимете ги оштетувањата од поплавата.

- Доколку ви е осигуран домот, тогаш јавете се и прашајте го вашиот агент за осигурување што понатаму.

Чистење

Најважно е одржување на хигиена при расчистување на вашиот дом после поплавата. Минимизирајте го контактот со водата од поплавата или било што кое било во контакт со неа. Држете ги децата подалеку од загадени области за време на чистењето.

Препорачана опрема за чистење

- Ракавици

- Кофи и џогери

- Пластични ќеси за отпадоци

- Детергент

- Големи контејнери за облеката и постелнините

Дополнителна опрема

Во зависност од ситуацијата, можно е да ви е потребна дополнителна опрема како што се продолжни кабли, пумпи, вакууми, сензори за јаглерод моноксид, одвлажнувачи и греалки. Кога ја користите опремата, внимавајте продолжните кабли да не се во допир со водата.

Вода


- Отстранете ја водата од поплавениот дом внимателно. Отстранувајте ја по фази - околу една третина од волуменот на ден, бидејќи ако водата е отстранета премногу брзо, ѕидовите или подот можат да се искриват.

- Користете пумпи и кофи за да ја отстранете водата, а потоа вакуум за да ја соберете останатата количина вода.

Апарати и греење


- Ако користите пумпи или греалки на бензин, керозин или пропан, купете или инсталирајте сензор за јаглерод моноксид.

- Не ги користете преплавените апарати, електрични приклучоци или осигурувачи додека не ги провери електричар.

- Без разлика дали користите греење со дрво или електрично, викнете техничар кој темелно ќе го провери апаратот.

- Заменете ги филтрите и изолацијата во печките, бојлерите, фрижидерите и замрзнувачите ако се наводениле.

Нечистотија и остатоци


- Отстранете ги сите потопени и нечисти материјали, ѓубре и остатоци.

- Исчистете ја нечистотијата на ѕидовите и дрвениот мебел.

- Измијте ги и избришете ги сите површини со детергент и вода.

Сифони

- Дезинфицирајте ги сифоните и ставете детергент и вода. Добро истријте ги за да ја отстраните мрсната нечистотија.

- Исчистете ги или заменете ги кога ќе се затнат.

Теписи и мебел

- Теписите мора да се исушат во текот на првите два дена. Теписите поплавени од отпадна вода мора веднаш да се фрлат.

- Отстранете ја калта од мебелот и апаратите.

- Ако предметите се само влажни, оставете да се исушат а потоа исчистете ги.

- За тапациран мебел консултирајте се со професионално лице за да види што може да се спаси. Во меѓувреме, отстранете ги перниците и сушете ги одделно.

- За дрвениот мебел: отстранете ги фиоките и отворете ги вратите. Не ги сушете брзо бидејќи може да дојде до разделување на дрвото.

Мувла

- Мувлата може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

- Може да е потребно професионално да се исчисти вашиот дом.

- Ако чистите соба каде е присутна мувлата, носете маска за лице и ракавици.

- За да го минимизирате растот на мувлата, префрлете ги предметите на суво и ладно место во рок од 48 часа и поставете вентилатори.

- Влажната мувла ќе се размачка кога ќе се бриши. Оставете ја да се исуши, а потоа исчистете ја надвор.

- Исто така можете да ја отстраните мувлата со изопропанол.

Храна и лекови


- Неоштетената конзервирана храна мора темелно да се измие и дезинфицира.

- Фрлете ги сите лекови, козметика и други предмети кои биле изложени на поплава.

- Фрлете ги сите прехранбени продукти ако биле изложени на поплава: предметите од замрзнувачот и фрижидерот вклучувајќи го месото, свежото овошје и зеленчукот, храната во кутија, пијалаците во кутија и сите тегли.

Што да фрлите?

Душеци, кутии, играчки, перници, прекривки за мебел кои биле изложени на поплава.

Што може да се спаси?

Облеката може да се исчисти. Исперете ја неколку пати со детергент.

Пред да се преселите назад


Откако ќе се повлече водата, не смеете да живеете во вашиот дом се' додека:

- Не се обезбеди редовно снабдување со вода која официјално ќе се прогласи безбедна за употреба.

- Не се исчисти, дезинфицира и исуши секоја контаминирана соба.

- Не се исчистат и дезинфицираат сите садови и прибор - или со врела вода или со стерилизација.

- Не се достапни тоалетите.  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот