Се враќаме во времето кога саботните утра беа резервирани за омилените цртани филмови. Без разлика колку пати сте ги гледале „Том и Џери“ и другите омилени наслови од детството, има некои ликови кои ние како гледачи никогаш немаме шанса да ги видиме.
Во „Том и Џери“ гледачите никогаш не го гледаат ликот на сопственичката која редовно го прекорува Том за неговите пакости. Слично е и со некои ликови во други цртани филмови. Зошто е тоа така?
Има неколку објаснувања. Овие цртани биле фокусирани на животни или деца, па затоа често биле прикажувани од перспектива на животни или деца. Што значи, ако тие гледаат кон возрасните, ќе ја видат само долната половина на возрасното лице, а не нивното лице. Замислете само колку време поминуваат мачките околу нозете на луѓето. Том не треба да знае како изгледа лицето на газдарицата, само требаше да знае кога таа влегува во собата за да може да избега.
Друга причина е тоа што ликовите не се појавуваат редовно, што значи дека немало потреба цртачите да смислат цел изглед за ликовите кои ретко се појавуваат. Исто така, постои теорија дека децата би можеле да имаат проблем да следат доколку секој лик е прикажан во целост.
Со криење на одредени лица, цртаниот филм го задржува фокусот на главните ликови што овозможува полесно раскажување и следење и им овозможува на креаторите да направат полесни промени на сценариото без да мора да менуваат цела епизода.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)