X
 09.09.2021 Живот

Швајцарија со волнени ќебиња покрива глечер за да го забави неговото топење

Поради глобалното затоплување, голем глечер на планината Титлис во Швајцарија драстично се намалил во последните децении. Локалното скијачко одморалиште се обидува да го забави топењето на глечерот така што го покрива со големи волнени ќебиња. Се покрива површина голема колку 14 фудбалски игралишта, пренесува „Фјучуризам“.

Целта е да се намали топењето на мразот и снегот на глечерот.



Локалните власти откриле дека големината на прекривката се зголемувала во последните две години за да има ефект, а работниците го покривале глечерот во период од пет до шест недели летово за да го забават неговото топење.

Според швајцарската влада, 90 отсто од преостанатите 1.500 глечери на планината Титлис ќе исчезнат до 2100 година доколку емисиите на штетни гасови не се намалат.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот