Епископија на Римокатоличката црква во Швајцарија бара нов егзорцист кој ќе ги ослободува верниците од демони.
Градот Хур сè уште важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија и општо во подрачјата на Швајцарија каде што се говори германски јазик.
По смртта на епископскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во Швајцарија, епископијата е во потрага по нов истерувач на ѓаволи.
Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е сè почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.
Поради егзорцизмот, епископијата Хур е често мета на критики и католичкиот теолог Маркус Арнолд е загрижен за зголемениот број егзорцизми во Швајцарија.
Епископијата во Хур истакна дека егзорцизмот е дел од задачите на еден епископ.
Извор: МИА