X
 09.09.2022 Образование

Поради недостиг на наставници во Србија, се бараат и недипломирани студенти

Кога некој професор оди во пензија во Србија, се објавуваат огласи дури и на социјалните мрежи, а се примаат и студенти од последните години. Ова е резултат на слабиот интерес за наставничките и професорските места и лошите уписни рокови, пишува РТС.

- Традиционално цел август, па и кога ќе почне училишната година, на неделно ниво добиваме молби од директори на училишта да поставиме некаков оглас, да ги повикаме нашите студенти, дури и оние што не завршиле, но се при крај, да ја покриваат наставата - изјави професор д-р Небојша Икодиновиќ, продекан за настава на Математичкиот факултет.

На неколку природни факултети во јунскиот рок се запишале помалку од 10 кандидати кои сакаат да работат во просвета. За непопуларноста на наставничката професија придонесуваат заработувачката, ограничувањата при вработувањето во јавниот сектор и лошата положба на наставниците во општеството.


Фото: Pixabay

- Платите се премногу мали за толкав труд, сепак, не е лесно да се заврши нашиот факултет, систематски низ закони е уништуван авторитетот на професорот, што значи дека сите имаат поголеми права од професорите - изјави професор д-р Зоран Ракиќ, декан на Математичкиот факултет.

Од Катедрата за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград изјавија дека во текот на годината добиваат неколку барања да ги повикаат студентите да предаваат во училиште, а тоа најчесто се случува за замена на некој наставник или професор.


Фото: Pixabay

- Кога некое училиште ќе испрати допис до Катедрата за српски јазик и бара препорака, ние им препорачуваме студенти исклучиво врз основа на успехот што го постигнале на студиите, се трудиме во сите училишта да ги испратиме нашите најдобри студенти - вели Весна Николиќ од Катедрата за српски јазик при Филолошкиот факултет.

Во Државниот завод за вработување во Белград има најмалку професори по математика, хемија, биологија, историја и физика. Оваа година се очекува дека ниту еден факултет што има наставнички насоки нема да ги пополни местата.

Извор: RTS
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование