X
 09.10.2020 Економија

Викенд без ДДВ: Фискалните за македонски производи и компјутерска опрема скенирајте ги за 3 дена

Викенд без ДДВ е меѓу првите мерки од 4. пакет кои ги донесе Владата за справување со последиците од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19. Фарук Омери, в.д. директорот на Управа за јавни приходи - УЈП информира дека на сите граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за фискалните сметки од 10, 11 и 12 октомври и пријавени во УЈП со скенирање (преку апликацијата), за купените македонски производи и услуги како и компјутерска опрема, ќе им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ. Тој е впишан на фискалните сметки.

Ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.

-Значајно е дека за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупниот промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20 % - објасни Омери.

Тој објасни дека независно од потеклото на компјутерската опрема таа во фискалните сметки ќе се регистрира како промет од македонски производи.

-Враќањето на данокот на додадена вредност кај граѓаните што го оствариле за време на викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издадената фискална сметка, односно најдоцна до крајот на месец октомври - рече Омери.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија