X
 01.06.2022 Живот

За колку се зголемија цените на основните производи преку ноќ

По три месеци, од денеска основните прехранбени продукти веќе не се продаваат со 0 отсто ДДВ, а се врати и ДДВ на горивата, кое беше намалено на 10 отсто. Така, сега повторно имаме 5 отсто ДДВ за лебот, брашното тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот и јајцата, и 18 отсто ДДВ на енергентите.

Престанувањето на важењето на овие антикризни мерки прво се почувствува на цената на горивата, кои по полноќ веднаш пораснаа, па цената на еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за 9 денари за литар, а на еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и екстра лесното масло за домаќинство. Според новите цени, еуросупер БС-95 се продава за 104 денари, еуросупер БС-98 за 106,5 денари за литар, дизелот за 95 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 93 денари.

Но, враќањето на данокот веднаш ја зголеми и цената на основните производи. Ние направивме кратка споредба на вчерашните и денешните цени на млекото, јајцата, брашното, лебот и маслото наведени на една од онлајн продавниците.

Напоменуваме дека станува збор за онлајн продавница со достава која е бесплатна по надминување одредена сума, што може да влијае врз формирањето на цената.

Во оваа продавница вчера брашно тип-400 чинеше 45 денари за килограм, но од утринава истото се продава по цена од 54 денари.

Лебот од 500 грама што вчера чинеше 36 денари, денеска чини 47 денари, додека тост-леб од 500 грама што вчера чинеше 60 денари, денеска е поскап за 19 денари и чини 79 денари. Селски леб од 450 грама кој вчера чинеше 100 денари, денеска во истата продавница се продава за 119 денари.

Литар млеко со 3,2% масленост во оваа продавница денеска чини 65 денари, додека вчера истото се продаваше 59 денари.

Маслото од 135 преку ноќ рипна на 169 денари, додека јајца денес нема на резерва во оваа продавница, а вчера можеше да се купи само пакување од 6 јајца по цена од 67 денари.

Во продолжение ви ги пренесуваме скриншотите направени од цените вчера и цените денес.

Вчера:

Денес:


Вчера:

Денес:


Вчера:

Денес:

Вчера:

Денес:

Вчера:

Денес:


Некои од маркетите сè уште ги немаат ажурирано цените на нивните страници, но уште утринава вработените ги менуваа цените пред производите и предупредуваа дека има поскапувања.

Доколку и вие забележавте колку се зголемила цената на одредени производи од вчера до денес, пишете ни во коментар.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот