Јапонски инженери сакаат да патентираат нов вид блокови за ѕид кои се отпорни на земјотреси. Архитектонското студио „Кенго Кума енд асосиејтс“ во соработка со лабораторијата за структурно планирање на компанијата „Козо Кејкаку инџиниринг“ изгради градинка со новиот метод.
Ѕидовите се направени од вкрстено ламинирано дрво, кое има слоеви како иверица, но со многу подебели компоненти. Ваквите ѕидови се еколошки бидејќи не се испуштаат штетни гасови за време на нивното производство.
За да ја зајакнат конструкцијата и да ја направат отпорна на земјотреси, инженерите користеле челични плочи и игли, а било направено и тестирање на структурата.
Изградбата на градинката била завршена во март годинава, а било поднесено и барање за одобрување на патентот.
Извор:
Interesting Engineering
Фото:
KKE