Може да се најде инспирација во сè, а пример за тоа е библиотеката што неодамна била изградена во кинеската провинција Хаинан.
Библиотеката била дизајнирана од страна на архитектонската фирма МАД, а била инспирирана од дупките на црвите кои ги надминуваат просторот и времето. Библиотеката била изградена во градот Хаикоу покрај Јужнокинеското Море.
Во неа има кафуле, балкони, а делот за читање има место за 10.000 книги.
Библиотеката, заедно со дворот, зафаќа површина од 4.397 квадратни метри.
Извор:
Design Boom
Фото:
i-mad