X
 25.02.2020 Наука

Неочекувано снимен земјотрес во длабочините на Карипското Море

Истражувањaтa во длабочините на морето се неверојатни. Годинава истражувачки уред лансиран од океонографската институција „Вудс хол“ успеал да сними неверојатен настан во Карипското Море.

Научниците го контролирале роботот наречен Џејсон во еден хидротермален отвор од кој излегувала врела вода богата со минерали. Околу отворот имало илјадници ракчиња што ги јаделе микроорганизмите. Во текот на снимањето имало земјотрес од 4,7 степени на оддалеченост од околу 160 километри. Ракчињата реагирале брзо со масовно оддалечување од отворот, како што се гледа во видеото.


Автор: Марк Кофман
Извор: Mashable.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука