X
 09.02.2023 Живот

Го натоварил стариот автомобил и тргнал да помага во Турција - солидарност која ги воодушеви луѓето

По силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, од сите страни се испраќа помош. Првата земја што побрза да ѝ помогне на Турција беше Азербејџан, а покрај спасувачките тимови, Азербејџанците исто така почнаа акција за помош.

Сепак, една фотографија привлече големо внимание, а станува збор за стар автомобил полн со разни работи подготвени за помош на погодените од земјотресот во Турција. Оваа фотографија стана симбол на заедништвото и солидарноста.

Сервер Беширли го наполнил стариот автомобил со некои работи од трошната куќа во Баку и тргнал за Турција. Му помогнал братот Имамверди.

- И ние доживеавме ваква катастрофа. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку и  други Азербејџанци, дури и некои што живеат во други земји помагаат. Бев сведок на една ситуација кога дојде девојка, го соблече капутот и го даде за хуманитарни цели. Секако, помошта не е ни голема ни мала. Велат дека во следните денови ќе испратат помош во вид на храна во братската земја - истакна тој.

Фотографијата предизвика воодушевување, особено откако се дозна во какви услови живее Сервер. Многумина коментираат дека секогаш најсолидарни се оние што најмалку имаат.

Извор: Klix
Фото: Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот