X
 09.11.2017 Наука

Што се случува со човечкото тело во вселената?

Со оглед на загадувањето и климатските промени, сè поголеми се предвидувањата дека човечката раса ќе треба да ја напушти планетата Земја. Во секој случај, без разлика дали ќе се реализира ова сценарио, патувањето во вселената секако ќе биде составен дел од иднината. Но пред да се упатиме кон непознатото, потребно е да се знаат ефектите што ги има вселената врз човечкото тело.

10. Синдром на вселенска адаптација

Без гравитацијата луѓето добиваат вселенска болест, позната како синдром на вселенска адаптација. Дезориентација, главоболки, непријатно чувство, можно повраќање – ова се симптомите што се појавуваат. Речиси половина од сите што отишле во вселената го искусиле ова. Не е всушност немањето гравитација, туку наглата промена на гравитациската сила која предизвикува вакво нешто. Но, кога телото се адаптира, сè се враќа во нормала.

9. Мирис

Можеби не сте знаеле, но вселената мириса на изгорено месо, метал што гори и барут.

8. Губење на ноктите од прстите

Овој феномен се нарекува „деформација на нокти“. Во неодамнешна студија, 22 астронаути пријавиле губење на ноктите. Ракавиците од вселенскиот костим ја допираат циркулацијата и притисокот на прстите предизвикува губење на ноктите. Некои астронаути ги вадат ноктите уште пред да одат во вселената.

7. Без ’рчење

’Рчењето ќе престане. Поради недостигот на гравитација во респираторниот систем, има драматично намалување на проблемите со дишењето при спиењето.

6. Проблеми со видот

По подолго време поминато во вселената, видот ќе почне да се заматува. Обично тоа не трае многу, но може да поминат и години додека да се врати во нормала. Кога сте во вселената, во бестежинска состојба, течноста оди во горниот дел од телото, а зголемениот притисок во главата влијае врз очните нерви.

5. Ефекти врз мускулите

Во вселената главно лебдите. Поради тоа, долниот дел од телото најмногу страда, се ослабуваат коските, а и мускулите – некогаш дури и атрофираат. Срцето, од друга страна, има потенцијал да се намали бидејќи не работи толку многу.

4. Зголемување на висината

Во вселената пршлените се рашируваат, па со тоа се издолжува ’рбетот. Но, кога повторно ќе бидете изложени на Земјината гравитација, ’рбетот ќе се врати во нормала, за само неколку месеци.

3. Незаштитено тело во вакуумот на вселената


Ако телото лебди низ вселената без вселенски костим, тогаш се потребни само 15 секунди за целиот кислород од крвта да биде потрошен. Може да се преживеат само 2 минути, пред да биде предизвикана целосна штета. Доколку, пак, го задржите здивот, воздухот што преостанал во белите дробови ќе предизвика тие да се рашират, а воздухот ќе се упати во циркулаторниот систем. Не е како да сте под вода. Иако вселената е студена, телото нема веднаш да се смрзне – за тоа е потребно време.

2. Вселенска радијација

Во Интернационалната вселенска станица луѓето се изложени на 10 пати посилна радијација отколку на Земјата. Изгледа дека атмосферата нè заштитува од космичката радијација, па без неа се изложуваме на ризикот да го оштетиме нервниот систем. Вселенската радијација исто така може да предизвика мачнина, со симптоми кои вклучуваат повраќање, анорексија и исцрпеност.

1. Вселенска еуфорија

Астронаутите пријавиле искуства што им го промениле животот по патувањето во вселената. Некои се чувствувале еуфорични, а некои пак чувствувале неверојатна смиреност. Со еуфоријата се појавувала и состојба на свесност во кој се сфаќа значењето на универзумот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука