X
 28.03.2017 Наука

Научниците успеале да програмираат човечки клетки како компјутер

Клетките се всушност мали компјутери – испраќаат и примаат влезни и излезни информации соодветно.


Во последните неколку декади, биолозите работеле на „хакирање на клетките“ и создавање на алгоритам за да се контролираат нивните процеси. Научниците програмирале човечки клетки кои ќе следат 109 различни логични инструкции. Со понатамошен развој, ова би можело да доведе до клетки кои се способни да одговорат на одредени специфични насоки за борење со болести или обработка на важни хемикалии.

Тоа може да го прават користејќи протеини, како дел од ДНК. Протеините ги препознаваат специфичните позиции во ДНК и истражувачите откриле како да ја активираат нивната активност. Клетката може да следи и покомплицирани инструкции, како осветлување под повеќе групи на состојби.

Истражувачите велат дека со овие клетки би можело да се врши дијагноза на болести, поттикнувајќи ги со протеини кои се поврзани со одредена болест. Ако клетките се осветлат кога ќе се помешаат со крвта на пациентот, тоа значи дека пациентот ја има болеста. Ова би било и поевтин начин за дијагностицирање отколку скапата техника која се користи денес.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука