X
 09.11.2017 Живот

Тестот на Сократ против озборувањето

Еден ден, еден негов пријател го сретнал и го прашал: „Дали знаеш што слушнав за твојот пријател?“, на што Сократ му одговорил: „Пред да ми го кажеш тоа што сакаш, веста мора да помине еден мал тест. Се нарекува троен филтер за озборување“.

„Троен филтер?“ - зачудено го прашал пријателот.

„Да. Пред да разговараш со мене за мојот пријател, добро би било да го филтрираш она што ќе го кажеш. Затоа го нареков троен филтер. Првиот филтер е вистина. Дали си апсолутно сигурен дека она што планираш да ми го кажеш е вистина?“, го прашал Сократ.

„Не, само што слушнав за тоа и...“, му рекол пријателот.

„Во ред. Значи, не знаеш дали е вистина или не е. Сега следува вториот филтер, филтерот на добрина. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател е нешто добро?“, го прашал Сократ.

„Не, напротив“.

„Значи, сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не си сигурен дека е вистина. Но, веста може да го помине тестот бидејќи остана уште еден филтер: филтерот на корисност. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател ќе биде корисно за мене?“, продолжил Сократ.

„Не, не баш“, му рекол пријателот.

„Па, ако тоа што сакаш да ми го кажеш не е вистина, не е ниту добро ниту корисно, тогаш зошто воопшто јас би сакал да го слушнам?“, заклучил Сократ.

Дали вие ги користите овие филтри за некоја вест?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот