Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.
1. Мистеријата на празниот подрум
Енди се наоѓал во подрум кој бил покриен со многу земја. Имало само еден прозорец кој бил поставен многу високо. Во подрумот имало и лопата, а Енди имал 2 дена да избега од подрумот. Немал доволно време да ископа тунел.
Што мислите, како успеал да побегне?
2. Кој го украде прстенот?
Никол отишла во полициска станица и пријавила кражба на стар прстен. Кога полицијата дошла во нејзината куќа, забележала голем неред во куќата и прозорецот бил скршен. На тепихот имало видливи траги, но немало други траги на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол за измама.
Зошто?
3. Отровен пијалак
Марија и Ана отишле на пијачка. Тие нарачале исти пијалак, но Ана била многу жедна и веднаш го испила својот, додека Марија го пиела полека и умрела.
Зошто умрела само Марија, а не и Ана, кога и двете пиеле ист пијалак?
Фото: Freepik
1. Енди со лопата направил куп земја под прозорецот и така успеал да стигне до него и да излезе надвор.
2. Штом полицијата пристигнала на местото на злосторството, знаела дека Никол сама го направила тоа. Стаклото на скршениот прозорец било од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено однатре.
3. Отровот бил во мразот. Ана веднаш го испила пијалокот, па немало време да се стопи мразот.
Фото: Pixabay