X
 09.11.2021 Култура

„50 години македонски анимиран филм“ од утре во МКЦ

Со изложба на артефакти од „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес, утре во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје - МКЦ ќе почне настанот „50 години македонски анимиран филм“.

Освен изложба, на одбележувањето на јубилејот, кој ќе трае до 22 ноември, предвидени се дискусии со авторите од „златната доба“ и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“, која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.

- Оваа година се навршуваат точно 50 години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ, Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години, создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин – соопштуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), кој е организатор на настанот.

фото: ДФРМ


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура