Иако обожаваме серии-драми во кои дејството се одвива еден час или повеќе, понекогаш немаме време за нив, па сакаме да се опуштиме со кратки епизоди кои имаат едноставно дејство, лесни се и може да се изгледа цела сезона за едно попладне.
Ова се некои од најдобрите.
„Флибег“
Серијата со Фиби Волер-Бриџ во главната улога ги сруши сите рекорди, па очекувано освои многу награди. Серијата се врти околу жена од средна класа која се обидува да се справи со секојдневниот живот во Лондон, а истовремено се навикнува на животот откако загинала нејзината најдобра пријателка. Комбинацијата на црн хумор и искреност ги освои гледачите.
„Доброто место“
Кристен Бел е главниот лик во серијата што се одвива во местото што повеќето од нас би го нарекле рај. Доброто место е утописко место каде што одат луѓето кои во текот на својот живот правеле добри дела, се занимавале со наука, уметност и хуманитарна работа.
Тие се избираат со беспрекорниот метод на архитект на таа рајска населба, до моментот кога Еленор Шелстроп не завршува таму. Еленор била ужасна личност во текот на нејзиниот живот.
„Атипично“
Хумористична драма на „Нетфликс“ што дава нова перспектива на животот на луѓето од аутистичниот спектар, нивниот секојдневен живот и семејните односи.
Серијата го следи 18-годишниот Сем, аутистичен тинејџер кој се обидува да живее сосема обичен живот, и покрај фактот што некои ситуации во секојдневието за него имаат поинакво значење.
„Пријатели“
Нема многу што да се каже за најпознатата серија од 90-тите години. Сите ја знаеме серијата „Пријатели“ и никогаш не ни здосадува.
„Модерна љубов“
„Амазон видео“ ја воодушеви публиката со оваа серија. Епизодите траат од 25 до 35 минути и се базираат на неделни колумни објавени во „Њујрок тајмс“. Секоја епизода е приказна за пријателството и љубовта чие дејствие е сместено во Њујорк. Има осум епизоди, а се појавуваат познати актери како Тина Феј, Ен Хатевеј и Енди Гарсија.
„Несигурна“
„Несигурна“ го следи пријателството на две црни жени (Иса Реј, Ивон Оржи) кои се справуваат со своите животни проблеми, обидувајќи се да функционираат во различни светови и да се справуваат со непријатните секојдневни искуства.
„Девојки“
Лена Данам брзо ја освои публиката со нејзината серија „Девојки“. Станува збор за хумористична драма што го прикажува животот на милениумците во голем град.
Серијата се истакна како една од ретките што го прикажува реалниот живот на младите, особено жените, додека се обидуваат да созреат.