X
 31.01.2017 Култура

Зошто денес серијата „Пријатели“ би доживеала тотален неуспех?

„Пријатели“, една од најуспешните телевизиски серии и денес претставува пример за тоа како да се направи добра хумористична серија. Но, неколку години после завршувањето на емитувањето, општеството се промени и некои работи кои смеевме да ги правиме во 90-тите, денес ги шокираат луѓето.

Ова се само некои од причините зошто познатата тв серија денес би била тотален неуспех.

Само белци

Освен што главните глумци беа белци, останува фактот што голем број споредни ликови беа белци. Две Афро-американки имаа мала улога, а и двете беа во врска со Џои и Рос, што доведе до напнатост меѓу пријателите. Иако приказната е во Њујорк, град со разновидна популација, актерите не ја прикажуваа таа реалност.

Силни стереотипи

Една од ретките улоги кои ги глумеа глумци со „друга боја на кожа“ беше и Џули, девојката на Рос, од втората сезона. Рејчел ја исмејуваше и се однесуваше како Џули за прв пат да стапнала во Америка. За цела среќа, Џули трпеливо одговори дека пораснала во Њујорк. Истовремено семејството на Џои е прикажано како типични италијански доселенци - апсолутен стереотип. Неговата баба не кажа ниту еден збор на англиски јазик, без оглед на тоа што цел живот го поминала во Њујорк.

prijateli
Фото: Screenshot/YouTube

Полови разлики

Џои Трибијани е заводник и тоа никој не може да го оспори. Но, неговите состаноци за една ноќ, често завршуваат со бркање на жените од кревет, понекогаш и буквално.

Разлики во години

Понекогаш беше забавно да се гледа Моника со постари партнери, но кога излажа дека има 22 години за да излезе на состанок со студент, приказната одеднаш стана многу помрачна. Додека таа со студентот лежеше во кревет, Моника му призна дека всушност има 26 години, а тој ѝ призна дека е средношколец. Поради таквите односи жените завршуваа во затвор, но Моника помина неказнето.

Нервен слом

Менталните проблеми не треба да бидат претставени како нешто смешно, затоа што навистина не се смешни. Но во серијата ликовите им се смееја на луѓе кои се лекуваат од алкохол, луѓе кои не ги покажуваат своите чувства, а Фиби во еден момент зборуваше за гласови во нејзината глава.

Насилство и малтретирање

Фиби остана запаметена како симпатична и малку чудна, но верна пријателка. Но, низ серијата се откриваа шокантни приказни за тоа како ги малтретирала луѓето. Со нож избодила полицаец, го ограбила Рос и во повеќе наврати им се закануваше на постари жени.

Тешка хомофобија

Од една страна славните пријатели беа пред своето време затоа што имаа толку хомосексуални ликови на екранот. Од друга страна, хомосексуалците често беа предмет на исмејување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура