X
 09.11.2024 Живот

Ќе има ли миленичиња во Белата куќа во текот на мандатот на Трамп?

Низ историјата на американските претседатели кучињата секогаш биле присутни во Белата куќа. Сепак, во текот на неговиот прв мандат, Доналд Трамп ја прекрши оваа традиција станувајќи првиот претседател по повеќе од сто години што немаше куче во Белата куќа.

Последниот претседател без куче беше Вилијам Мекинли, 25. во низата, кој претседателските години ги поминал во Белата куќа кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во своите мемоари, поранешната сопруга на Трамп, Ивана Трамп, открила детали за неговиот однос со кучињата, истакнувајќи дека нејзиниот поранешен сопруг нема симпатии кон овие животни.

Ивана изјавила дека нивната пудлица Чапи му лаела на Доналд штом ќе се приближел, што според неа било чудно бидејќи тие кучиња се познати по тоа што покажуваат голема лојалност и радост кон своите сопственици. За време на неговиот мандат, Трамп ретко споменувал кучиња, а еден од тие моменти дошол по операцијата во која беше убиен лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади.

Трамп потоа изјавил дека Ал Багдади „умрел како куче“, што привлече значително медиумско внимание. И покрај тоа, во текот на истата година, белгиски овчар по име Конан дошол во Белата куќа, но сепак Трамп никогаш не покажал голем интерес за кучето.

За време на една од дебатите со демократката Камала Харис, Трамп споменал дека некои имигранти во Охајо наводно јадат кучиња и мачки. Овие изјави предизвикаа остри реакции, особено кај лидерите на заедницата на Хаити во САД, кои предупредија дека таквите тврдења може да предизвикаат дополнителни тензии и да ги загрозат животите на луѓето во помалите заедници, како што е Спрингфилд, Охајо.

Извор: klix.ba

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот