X
 13.03.2024 Живот

Специјално обучени кучиња ги смируваат патниците на аеродром во Истанбул

На Аеродром Истанбул има специјално обучени кучиња за да ги смират нервозните патници пред нивниот лет.

Аеродромот почна да ја спроведува програмата минатиот месец за да помогне да се намалат стресот и вознемиреноста кај патниците.

Клекнувајќи да го погали кучето Куки, патничката Анастасија Подмазова ја пофали услугата.

- Ме опушта. Ги сакам животните. Многу е добро - вели таа.

По позитивните повратни информации од патниците, аеродромскиот оператор ИГА сака да го прошири проектот, зголемувајќи го бројот на кучиња достапни за смирување на патниците од 5 на 10, рече Абдулкадир Демирташ, менаџер за искуство со клиенти.

- Патувањето може да биде стресно. Според истражувањата, интеракцијата меѓу животните и луѓето го намалува стресот и нивото на анксиозност - рече Демиртас.

Мурат Џенгиз Коџа, експерт за однесувањето на кучињата и тренер кој ги придружува кучињата на аеродромот, вели дека животните се обучени да не реагираат на звуци или луѓе.

- Кучињата што ги избравме да бидат дел од овој проект поминаа низ едногодишен процес и обука. Тие се тука денес затоа што беа успешни - нагласува тој.



Извор: Politika.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот