X
 23.02.2019 Живот

Алек Болдвин стравува од одмазда од Трамп

Актерот Алек Болдвин зборуваше за својот страв дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги поттикне поддржувачите да му се одмаздат поради сатиричниот настап во кој го исмејуваше.

Болдвин истакна дека Трамп испраќа сигнали до луѓето дека треба да станат лути и огорчени. Болдвин го глумеше Трамп, правејќи пародија на неговата конференција за новинари на која беше најавена вонредна ситуација поради плановите за изградба на мексиканскиот ѕид. Тоа го разбесни Трамп, кој на „Твитер“ напиша дека ништо не е смешно.

Тоа го навело актерот да размислува за мотивот на Трамп да го напише тоа на социјалните мрежи и дали тој и неговата фамилија се во загрозена ситуација.

- Луѓето и порано ме прашуваа дали се грижам дека луѓето на Трамп или неговите симпатизери би можеле да ми се одмаздат поради начинот на кој го претставувам во пародиите и секогаш велев дека не се грижам. Сè досега. Со ова тој им сигнализираше на луѓето, можеби не директно што би требало да прават, туку како би требало да се чувствуваат. Тоа е почетокот, ги лутите и ги вознемирувате луѓето, а потоа доаѓа до акција - истакна Болдвин.

На прашањето на актерот до претседателот дали луѓето што прават комедии на неговата сметка всушност се државни непријатели, синот на Доналд Трамп беше дрзок.

- Поштедете нè од вашите глупости, Алек - напиша синот на претседателот.

На тоа Болдвин напиша дека Трамп Џуниор ќе има доста време в затвор да го гледа шоуто на Болдвин и неговите имитации и пародии.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот