X
 10.01.2017 Живот

Луѓето честопати се неблагодарни, затоа престанете да им угодувате

Еден од најпрепознатливите мотивациски автори, Лери Ким, истакнува дека колку и да настојувате да читате ентузијастички текстови, некои работи едноставно не можете да ги промените. Фокусирањето врз нив претставува поприлично трошење на време и енергија, затоа престанете со таквите обиди. Ова се некои нешта кои според него треба да престанете да ги практикувате:

Секогаш некому полагате сметки

Во зависност од сегментот од вашиот живот, такви луѓе може да има повеќе или помалку. И колку да настојувате, да се менувате и да барате најдобри излези, секогаш ќе постои некој пред кого ќе мора да одговарате на прашања и да му полагате сметки.

Нема вечно да живеете

Затоа е и уште почудно кога гледате како луѓето го прескокнуваат задоволството и се заробуваат во работата, складирајќи нули на својата сметка, кои за неколку децении нема ништо да им значат. Искористете го секој годишен одмор, покана за дружење и разонода, и грижете се за себе. Не дозволувајте вашиот живот да наликува како да ви се брза на гробишта.

Не можете да им удоволите на сите

Прекинете со таквите обиди затоа што ќе сфатите колку другите се неблагодарни, колку тој процес ја цеди вашата душа и ја цица вашата енергија, за на крај да се почувствувате празно и бедно.

Секогаш можете подобро

Секогаш ќе познавате некого со подобар автомобил, поголема куќа, подобра работа, попривлечен партнер... Прекинете да го трошите времето во обиди да бидете нешто што не сте. Животот не е натпревар. Не се обидувајте да бидете подобри од некого, туку бидете најдобрата верзија на себеси.

Со лутина и бес не можете ништо да направите

Единствено што можете да сторите е да го пролонгирате вашето незадоволство и чувството  на недостаток на среќа. Доколку сакате да продолжите со уништување на своето здравје, и физичко и ментално, само продолжете така.

neblagodarni
Фото: Freepik

Исто така, не можете да влијаете на нечие мислење

Можете да советувате, да барате, да инсистирате, можете да врескате на цел глас, но понекогаш едноставно не можете да влијаете врз нечие мислење. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат или да ви простат. Не можете да ја  заслужите нивната почит ако не сакаат да ви ја дадат.

Минатото никој не може да го врати

Немојте да живете во минатото, затоа што не можете да го промените. Тоа само ќе ве одведе во депресија. Гледајте пред себе и чекорете храбро.

Светот? Не, ни него не можете да го промените – освен себеси

Убаво е и инспиративно размислувањето дека една личност може да го промени светот, но сепак, некои работи се поголеми од нас. Она што со сигурност можеме да го сториме е да направиме голема промена околу себе. Работете најдобро како што умеете.

Повеќе ништо не е навистина приватно

Сè што работиме online се претвора во една голема база на податоци. Многу е важно да се разбере дека малку нешта можете да ги задржите за себе, како и дека обзнанувањето на некои работи е опасно затоа што постојат разни луѓе околу нас.

Изгубеното не може да се врати

Што побрзо се збогувате со работите кои се изгубени, толку побрзо ќе тргнете кон новото. Ова е многу важна лекција кога станува збор за врски и изгубена љубов. Колку пати и да ги враќате, тие никогаш повеќе нема да бидат истите.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот