Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре и в петок наутро ќе има појава на магла по котлините. В петок и на почетокот од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка.
В недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната дневна ќе достигне 17 степени.
Извор: МИА