X
 04.09.2018 Живот

Се укинува поместувањето на часовникот - дали Македонија треба да избере летно или зимско сметање?

На Европејците им е доста од зимското и летното сметање на времето, а тоа го покажаа и резултатите од анкетата на Европската комисија објавени оваа недела. Европејците гласаа за тоа дали сакаат да го укинат поместувањето на часовникот напролет и наесен.

Во анкетата учествувале рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 отсто гласале за укинување на поместувањето на часовникот.

vreme

Повеќе од 80 отсто од Европејците гласале и за тоа часовникот да остане на летното сметање на времето. Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, е уверен дека  ЕУ ќе премине на летно сметање на времето и додаде дека тоа ќе го предложи пред Комисијата. Порача дека нема смисла да се прашуваат луѓето што сакаат и што мислат за некои прашања, а целосно да се игнорира нивниот став.

- Луѓето тоа го сакаат, па тоа и ќе го направиме - заклучи Јункер.

А Македонија?

И Македонија ќе го укине зимското сметање на времето доколку оваа одлука на Европската комисија помине на Европскиот парламент и биде прифатена од земјите-членки на ЕУ.

- Стратешкиот интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки што ќе бидат донесени од земјите-членки на ЕУ во претстојниот период - велат од Владата на РМ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот