X
 10.01.2019 Живот

Исушените новогодишни елки во Виена

Во главниот град на Австрија минатата година биле собрани вкупно 757 тони, односно 173.000 елки, што во споредба со 2017 година е пораст од 8 отсто. Виенското комунално претпријатие и оваа година ќе се погрижи исушените дрвја да не завршат во отпад.

Од 27 декември до 3 јануари 2019 година жителите на Виена ќе можат, како и секоја година, своите дрвца да ги предадат на посебно предвидени места.

Оваа година во Виена има 534 такви јавни места, а вработените во комуналното претпријатие апелираат до граѓаните елките да бидат однесени без украси.

Собраните елки се користат за производство на електрична енергија и за централно греење, а од минатата година еден дел оди и на депонијата Ројтенвег, каде што станува храна за загрозен австриски вид на кози.

Во австриската престолнина минатата година биле собрани 757 тони, односно 173.000 парчиња, што во споредба со 2017 година е пораст од 8 отсто. Произведената енергија била доволна за обезбедување електрична енергија за 1.060 домаќинства и централно греење за 2.470 домаќинства цел месец.

Информациите за локациите каде што се собираат дрвца им се достапни на граѓаните преку бесплатна телефонска линија и на мобилната апликација на претпријатието за собирање отпад, а сите локации се вцртани и во онлајн-планот на градот, кој може да се најде на страницата на виенската градска управа.

Организираното собирање на елките во Виена почнало во 1990 година, кога на граѓаните им биле на располагање само 220 локации за собирање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот