Австрија се најде меѓу земјите што се најмалку приајтелски настроени во светот кон странците. Земјата беше рангирана на 24. место од вкупно 52 дестинации во истражувањето „Експат инсајдер 2022“ објавено од „Интернејшнс“.
Оваа алпска земја се најде на третото место во светот благодарение на добро организираното општество. Таа е рангиран веднаш зад Шпанија и Тајван во категориите патување и транзит, здравје и благосостојба и животна средина и клима.
Но, Австрија се најде на 49. место од вкупно 52. според „Индексот за леснотија на населување“. Таа се рангира на ниско место во две категории, меѓу најниските 10 земји во светот: на 51. место за локално пријателство и на 47. за добредојде. Сите испитаници - странски државјани се согласуваат со едно: дека е потребно долго време за да се склопат пријателства со мештаните.
Од друга страна, странците даваат исклучително високи оцени за природата и урбаната средина. Според анкетата, има добра достапност на сите услуги и дестинации, сите се согласуваат дека капацитетите се над светскиот просек, а странците го фалат и нивото на зачувување на сите културни, историски и природни добра.
Според резултатите од истражувањето, најдобри дестинации за странци и населување се Мексико, Индонезија, Тајван, Португалија, Шпанија, ОАЕ, Виетнам, Тајланд, Австралија и Сингапур.
Најлоши дестинации се Кувајт, Нов Зеланд, Хонгконг, Кипар, Луксембург, Јапонија, Јужна Африка, Турција, Италија и Малта.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik