Претходникот на „Игра на троновите“, серијата наречена „Куќа на змејот“, ќе има премиера во 2022 година.
Но, добро познат факт е дека ова не беше единствената серија што Ејч-би-о планираше да ја развие во 2019 година. Имаше неколку серии-претходници од кои „Куќа на змејот“ доби шанса да продолжи со снимањето. Друга серија-претходник, за која се шпекулираше дека е именувана како „Крвава месечина“ или „Долгата ноќ“, е откажана.
Веста за нејзиното откажување многу ги разочара обожавателите, а истото важи и за актерската екипа. Наоми Ватс, која требаше да ја има главната улога во серијата, се расплакала кога ја примила веста. Ејч-би-о претрпе голема загуба со самото тоа што ја сними пилот-епизодата, чинеше речиси 30 милиони долари.
- Потрошија над 30 милиони долари на пилот-епизодата на претходникот на „Игра на троновите“, која беше во продукција кога стигнав таму. Кога видов дел од неа по неколку месеци откако пристигнав, му реков на главниот човек за содржина на Ејч-би-о, Кејси Бојлс: „Ова не функционира и мислам дека не го исполнува ветувањето за оригиналната серија. И тој се согласи, што всушност беше олеснување - вели поранешниот претседател на „Ворнермедија“, Боб Гринблат.
„Крвава месечина“ или „Долгата ноќ“ требаше да прикажува период од над илјада години пред дејството во „Игра на троновите“. Без железен трон, без змејови, кога Вестерос бил многу поинакво место.
Извор:
Wikiofthrones.com
Фото: Screenshot/YouTube