X
 24.02.2023 Култура

Се сеќавате на популарната игра „Тетрис“? Пристигнува филм за нејзиното создавање

Играта „Тетрис“ беше создадена во 80-тите години и беше популарна уште пред појавата на паметните телефони. Станува збор за една од најпознатите видеоигри воопшто и речиси не постои човек што не ја играл.

Сепак, малку луѓе ја знаат историјата на создавањето и популаризацијата на оваа игра. Затоа, неодамна беше претставен трејлерот на филмот кој ја раскажува приказната за оваа игра. Досега трејлерот е прегледан над 5 милиони пати. Филмот е базиран на вистински настани и раскажува како е создадена играта.

Филмот на драматичен начин ја раскажува приказната за тоа како оваа светски позната видеоигра го најде патот до страсните играчи низ светот. Хенк Роџерс (Тарон Егертон) го открива тетрисот во 1988 година, а потоа оди во СССР, каде што ги здружува силите со пронаоѓачот Алексеј Пажитнов (Никита Ефремов) за играта да ја направи достапна за сите.

- Американец и руски компјутерџија склопуваат неверојатно пријателство додека се обидуваат да му избегаат на КГБ и да ја прошверцуваат најпознатата видеоигра на светот надвор од СССР - е описот на филмот.

Премиерата на филмот е закажана за 31 март на платформата „Епл+“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура