Покемон Гоу има 10 милиони симнувања кои се зголемуваат со секој ден, и шансите дека вашето дете веќе ја игра оваа игра се доста големи.
Покемон Гоу е реалити игра која е базирана на локации, и треба физички да пешачите наоколу и да фаќате мали цртани чудовишта. Играта направи нешто што виртуелно ниту една игра не направи до сега: ги тера луѓето да излезат надвор и да го истражуваат својот град. Но исто така тие се ограбувани и скокаат во топла вода за поминување на ниво.
Пред вашето дете да ви ја надмине сметката или да се удри во дрво или да залута во сообраќаен метеж, зборувајте со него или неа за како да ја игра играта безбедно и одговорно. Еве неколку начини како да започнете разговор:
1. Внимавај каде одиш
Потсетете ги децата да бидат свесни на нивната околина и да внимаваат на потенцијално опасни препреки. Никогаш не дозволувајте да излезе на улица играјќи Покемон. Исто така бидете сигурни дека детето знае да одбегне некои ситуации, како што се да пешачи само на темна улица навечер.
2. Не го прекршувај законот
Законот се уште важи иако играте виртуелна игра. Тоа значи нема прескокнување на огради и нема шеткање наоколу во градината на соседот. Не е во ред тие да влезат во градината или животната средина без нивна дозвола, без разлика колку ретки Покемони може да фатат таму.
3. Внимавајте на интернетот
Лесно е за децата да заборават на тривијални работи како користењето на интернет кога се обидуваат да ги фатат сите. Зборувајте со нив колку интернет имаат на мобилниот. Потоа покажете им како се проверува тоа, за да знаат дали го надминале лимитот.
4. Заштитете го интернетот
Оваа игра бара дозвола за пристап на информации на вашиот телефон. Повеќето деца и возрасни се согласуваат на ова без размислување. Но научете ги децата да се запрашаат зошто е важна оваа информација.
Ова е многу важно бидејќи при првите денови од пуштањето на играта се случи проблем дека Покемон Гоу има пристап до е-поштата, календарите и фајловите од Гугл Драјв. Гугл ја
поправи оваа грешка. Апликацијата сеуште бара пристап до вашата локација, слики, контакти и можноста да се слика или да се снима видео. Единствено што треба да дозволите е информацијата за локацијата.